Мирсад Јонуз на чело на фудбалската А селекција

Нов селектор на македонската фудбалска репрезентација е Мирсад Јонуз, одлучи попладнево Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

 |  Крсте Голабовски  | 
Mirsad Jonuz
Мирсад Јонуз

Нов селектор на македонската фудбалска репрезентација е Мирсад Јонуз, одлучи попладнево Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Јонуз, кој досега ја предводеше репрезентацијата до 21 година, доби доверба од Управниот одбор (УО) на ФФМ да го предводи националниот тим до крајот на квалификацискиот циклус за СП 2010г.

MFRУО ги прифати неговите услови, 5 илјади евра годишна плата и избор на свои соработници, соопшти ФФМ.

Јонуз ќе дебитира на селекторското место на квалификацискиот дуел против Норвешка,што ќе се одигра на 6 јуни во Скопје.

Во конкуренција за нов селектор на местото на словенецот Сречко Катанец беа и македонските тренери Чедомир Јаневски и Вујадин Станојковиќ, како и неколку странци, меѓу кои и прославениот Олег Блохин.

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top