Јасно е дека Светското првенство во фудбал е за порно индустријата исто што и летен распуст за продавниците за слатки.
Таксистите, угостителите, хотелиерите и проститутките се спремни да ги пречекаат возбудените и еуфоричните луѓе кои чувствуваат колективна радост и спремни се да потрошат и повеќе од планираното, се во име на добрата забава.
Првичните проценки се дека Јужноафриканската република ќе ја посетата околу половина милион гости, генерално мажи.
Таксистите од Кејптаун освен што ве носат од аеродром до саканата дестинација, нудат и „црвени тури“ за кои се надеваат дека ќе бидат хит меѓу посетителите.
За околу 500 долари, клиентот кој ќе се реши за „црвената тура“ , добива возење до стриптиз бар и проститутки кои практикуваат безбеден секс.
Оваа информација е важна ако се знае дека Јужноафриканската Република е земја во која секоја петта возрасна личност е ХИВ позитивна.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град