Mинимална предност по првите мечеви од осмина финалето во Лигата на Шампионите имаат Манчестер Јунајтед и Олимпик Лион.
Англискиот шампион беше надигран на ‘Сан Сиро’, но и покрај тоа ја сруши традицијата и за прв пат славеше во дуелот со Милан на италијанско тло. “Росоњерите” доминираа во поголемиот дел од мечот, но им недостасуваше завршниот удар. На другата страна, “црвените ѓаволи” среќно стигнаа до изедначување по ‘ненамерниот’ гол на Сколс, за во второто полувреме Руни да круниса два контранапади на својот тим за убедливи 3:1. Надежта на Миланезите им ја врати Сидорф, кој во 85-та минута го постави конечниот резултат. За разлика од Манчестер Јунајтед, Реал не можеше против традицијата, па “Жерлан” останува и понатаму неосвоив за “кралскиот клуб”. Победникот го одлучи прекрасниот гол на Макун, кој во 47-та минута го доведе Лион во водство и дури по тоа Реал нешто посериозно тргна во напад, но промена на резултатот не се случи.
Реванш мечевите се играат на 10 март.
Резултати:
Милан – Манчестер Јунајтед 2:3 (1:1)
Роналдињо 3′, Седорф 85′ – Сколс 36′, Руни 66′, 74′
Олимпик Лион – Реал Мадрид 1:0 (0:0)
Макун 47′
Среда, 17 февруари:
20:45ч Баерн Минхен – Фиорентина
20:45ч Порто – Арсенал.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град