Михајловиќ во пол позиција за да го наследи Мурињо во Интер

И покрај тоа што Мурињо негира дека има договор за преселба во Реал Мадрид ова лето, силно се шпекулира дека саботното финале од Лигата на Шампионите против Баерн ќе биде последниот натпревар на ’Специјалниот’ на кормилото на Интер.

 |  Маја Савиќ  | 
Sinisha MIhajlovic
Синиша Михајловиќ

Sinisha MIhajlovicПортугалецот постојано нагласува дека не е среќен во Италијанскиот фудбал и вчера нагласи дека за него е поважна личната сатисфакција а не финасискиот стимул.

Медиумите од Англија вчера објавија дека Интер веќе го контактирал Рафаел Бенитез и се распрашал за можноста менаџерот на Ливерпул да биде наследник на Жозе Мурињо.

Таквите информации вчера експресно беа негирани од страна на спортскиот директор Марко Бранка но утрово повторно се појавија нови шпекулации за тоа кои би можел да биде нов тренер на Интер доколку Мурињо замине.

La Gazzetta dello Sport вели дека тренерот на Катанија, Синиша Михајловиќ е во пол позиција за превземање на тренерското место доколку ’Специјалнит’ се пресели во Реал Мадрид.

Весникот вели дека Морати е голем фан на работата на Михајловиќ, кој го превзеде тимот на Катанија пред шест месеци и од дното на табелата во Серија А го донесе до комфорен опстанок.

Стратегот исто така играше две години за Интер во периодот од 2004 до 2006 а потоа беша и помошник тренер на Роберто Манчини, и беше задолжен за одржување на моралот во тимот на високо ниви и се верува дека тоа му одело одлично на Михајловиќ, кој били високо ценет од соблекувалната на Интер.

Самиот Михајловиќ вчера призна дека сака да биде тренер на Интер но нагласи дека сеуште никој не контактирал со него.

Претходно Нероаѕурите беа поврзувани и со Фабио Капело, Марчело Липи и Франк Рајкард.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top