Мајкл Џордан во куќата на славните

Покрај Џордан, ќе бидат примени и кошаркарските легенди Џон Стоктон, Дејвид Робинсон, тренерите Џери Слоун и Ц. Вивиан Стрингер.

 |  Крсте Голабовски  | 
Michael Jordan
Мјакл Џордан

Покрај Џордан, ќе бидат примени и кошаркарските легенди Џон Стоктон, Дејвид Робинсон, тренерите Џери Слоун и Ц. Вивиан Стрингер.

Michael JordanНајдобриот кошаркар на сите времиња, Мајкл Џордан денеска со голема свеченост ќе биде примен во Куќата на славните, чест што им се оддава на најдобрите кошаркари секоја година и привлекува големо медиумско внимание во САД.

Џордан, за кого новинарите, тренерите, кошаркарите и обичните навивачи се сложуваат дека е најдобриот кој некогаш ја играл оваа игра, има освоени 6 титули првак на НБА, 5 награди за најкорисен играч на сезоната (MVP), 2 златни медала на Олимписките игри, 10 титули за најдобар стрелец во лигата, 6 награди за најдобар играч во НБА финалето, 14 пати бил дел од All Star тимот, а 3 пати освоил и награда за најкорисен играч на All Star, 2 пати е победник во натпреварот за забивање и има уште многу други награди и достигнувања поврзани него и со неговата ненадмината кошаркарска игра.
Покрај Џордан оваа година во Куќата на славните ќе бидат примени и поранешниот бек на Јута, Џон Стоктон, како и неговиот тренер Џери Слоун, “адмиралот” Дејвид Робинсот и тренерот на женскиот тим Рутгерс, Ц. Вивиан Стрингер.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top