На местото на злосторството, Сингапур

Првата ноќна трка во формула 1 минатата година беше една од успешните приказни во сезоната, а сега патувачкиот циркус се враќа во Сингапур за второто издание на трката и надежите се слични.

 |  Крсте Голабовски  | 
Singapur
Сингапур

Првата ноќна трка во формула 1 минатата година беше една од успешните приказни во сезоната, а сега патувачкиот циркус се враќа во Сингапур за второто издание на трката и надежите се слични.

Но, за несреќа, првата трка во Сингапур сега секогаш ќе биде поврзувана со еден од најексплозивните скандали со мамење во историјата на спортот.

Флавио Бриаторе и Пет Симондс си заминаа од Рено и од спортот засрамени, Рено доби голема казна и губиток на спонзори, но овој викенд вниманието би требало да се концентрира на трката за титулата.

Борбата за светската титула по се изгледа е претворена во трка на двајца возачи – колегите од Браун ГП, Џенсон Батон и Рубенс Баричело. Британецот Батон пристигнува на Марина Беј уличната патека со сигурни 14 поени предност пред бразилскиот ветеран, но само еден неуспех и победа на Баричело може целосно да ја смени сликата. Овој дуел секако не е завршен, а Бразилецот е возачот во подобра форма во моментов со две победи од последните трки трки, иако лани Батон беше подобар во Сингапур. Под рефлекторите во Сингапур може да се разјаснат неколку дилеми.

Трката исто така ја одбележува и последната шанса за тимот на Ред Бул Рејсинг да се обиде да ја украде титулата од Браун, иако далеку е “средината” на сезоната, кога тие ја искористија слабоста на Батон и Браун. Слабата постојаност на моторите на Рено во болидите дизајнирани од Адријан Њуи значи дека од Унгарија, Себастијан Фетел освои само 7 поени, а Марк Вебер не успеа да освои ниту еден поен, во споредба со 22-те поени на Баричело и 10-те на Батон. Младиот Германец Фетел сега заостанува 26 поени зад Батон, а неговиот австралиски колега 28.5, што значи дека мораат да се надеваат на нешто спектакуларно и на многу среќа во Сингапур за да ги задржат математичките шанси за титулата.

SingapurПред Ред Бул во последните трки, се Мекларен Мерцедес, Ферари, Форс Индија, а понекогаш дури и Рено, и ако некој од нив ги порази Ред Бул овој викенд, титулата ќе остане само желба. Мекларен се надеваат на силни перформанси на патека која на хартија треба да донесе предност на подобрениот МП4/24 откако лани Луис Хамилтон заврши трет во Сингапур. Ова посебно му треба бидејќи во Монца направи глупава грешка во финишот додека го бркаше Батон за второто место. Неговиот тимски колега Хеики Ковалаинен, пак, знае дека мора да има добри перформанси до крајот на сезоната, ако сака да остане возач на Мекларен и во 2010.

Ферари во последно време повторно “оживеаја”, а Кими Раиконен, можеби знаејќи дека неговите услуги следната година не се посакувани во Скудерија, е на подиумот на сите трки од таа во Нинрбургринг во средината на јули. Финецот е во одлична форма, и неговиот нов колега Џанкарло Физикела би сакал да биде поблиску до него по 9. место на домашната трка во Монца. Поранешниот тим на Физи, Форс Индија, пак, продолжува да ги шокира сите, откако Адријан Зутил за малку ќе ја грабнеше пол-позицијата во Монца.

Подолу, Рено ќе се надеваат на еден солиден викенд за да се стави на страна се околу скандалот, а Вилијамс мораат да се вратат од лошите трки во Спа и Монца, и барем да го повторат второто место на Нико Розберг од минатата година.

Фабричкиот тим на Тојота останува фрустрирачки непостојан од трка до трка, за разлика од БМВ Заубер, кои вратија малку од постојаноста пред последните трки како баварски фабрички тим. Торо Росо тажно останува на дното, што и да прави големиот тим, но ако врне во Сингапур, се може да се случи.

ГЕНЕРАЛЕН ПЛАСМАН

ВОЗАЧИ

1.Џенсон Батон (Браун) 80

2.Рубенс Баричело (Браун) 66

3.Себастијан Фетел (Торо Росо) 54

4.Марк Вебер (Ред Бул) 51.5

5.Кими Раиконен (Ферари) 40

6.Нико Розберг (Вилијамс) 30.5

7.Луис Хамилтон (Мекларен) 27

8.Јарно Трули (Тојота) 22.5

9.Фелипе Маса (Ферари) 22

10.Фернандо Алонсо (Рено) 20

10.Хеики Ковалаинен (Мекларен) 20

12.Тимо Глок (Тојота) 16

13.Ник Хајдфелд (БМВ) 12

14.Џанкарло Физикела (Форс Индија/Ферари) 8

14.Роберт Кубица (БМВ) 8

16.Адријан Зутил (Форс Индија) 5

17.Себастиен Буеми (Торо Росо) 3

18.Себастиен Бурде (Торо Росо) 2

КОНСТРУКТОРИ

1.Браун ГП Мерцедес 146

2.Ред Бул Рејсинг Рено 105.5

3.Скудерија Ферари 62

4.Мекларен Мерцедес 47

5.Тојота Панасоник 38.5

6.Вилијамс Ф1 Тојота 30.5

7.Рено Ф1 20

7.БМВ Заубер 20

9.Форс Индија Ф1 Мерцедес 13

10.Скудерија Торо Росо Ферари

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top