Меси го пропушта стартот на новата сезона

Најдобриот фудбалер на Барселона, Лионел Меси, најверојатно, ќе го пропушти почетокот на новата сезона во Шпанија.

 |   | 
Lionel Mesi
Лионел Меси

Најдобриот фудбалер на Барселона, Лионел Меси, најверојатно, ќе го пропушти почетокот на новата сезона во Шпанија.

Lionel MesiПричините поради тоа што Аргентинецот не игра не е повредата, туку побарал да биде изоставен од тимот на Барселона бидејќи не сакал да го пропушти важниот меч на неговата селекција против Бразил на петти септември во квалификациите за пласман на Светското првенство 2010 година.

Најдобриот фудбалер на Барса во средата го пропушти пријателскиот натпревар со Русија во Москва поради ситна повреда, а нема да настапи и на двата дуела од домашниот Супер-куп кога Барса игра со Атлетик Билбао, и тоа на 18 и 25 овој месец. Се очекува Меси да биде подготвен и да настапи на Супер-купот на Европа против Шахтјор Доњецк на 28 август. Меѓутоа, Меси би можел да ја пропушти премиерната средба од новата сезона во Примера против Спортинг Хихон на Ноу Камп на 31 август.

“За натпреварот за европскиот Супер-куп ќе бидам подготвен и ќе настапам без двоумење. Но проблем е следниот натпревар. Поради тоа разговарав со Пеп Гвардиола и Диего Марадона, за да ги видам можностите да отпатувам во Аргентина веднаш по мечот со Шахтјор. За среќа, Гвардиола е интелегентна личност и им излезе во пресрет на моите барања. Уште еднаш ќе се сретнам со него и дефинитивно ќе одлучиме”, изјави Меси.

По 14 одиграни кола во јужноамериканските квалификации Бразил е водечки со 27 бодови, додека Аргентина е на четвртото место со пет бода помалку. Токму овој натпревар е од исклучително значење за неговата селекција бидејќи трите бода им се од исклучителна важност за обезбедување место во Јужна Африка идната година.

Гвардиола побара гаранции, па договор

Стратегот на Барселона, Пеп Гвардиола, се согласил да потпише нов договор со екипата, меѓутоа само ако претходно добие гаранции од клубот дека нема да го смени тимот и откако ќе изберат нов клупски претседател идната година. Барса и Гвардиола се договориле да постават клаузула во која тој ќе потпише нов договор откако ќе завршат претседателските избори. Исто така тренерот побарал од клубот претходно да ги обнови договорите со Карлес Пујол, Рафа Маркез и Лионел Меси. Се очекува иднината на Гвардиола да биде решена до 31 август.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top