Се менуваат правилата на „играта“ заради некрунисаните „кралеви на белиот спорт“, Ѓоковиќ и Надал.
Верувале или не, натпреварување од рангот на Отвореното тениско првенство на Франција, популарниот „Ролан Гарос“, планира да го промени системот на ждребување поради Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.
До ваквиот преседан доаѓа поради моментниот пласман на српскиот тениски ас и шпанскиот „Матадор“, според кој доколку се оди според планот, тие ќе ги вкрстат рекетите во четвртфиналето на грен-слемот во Градот на светлината.
Се разбира премногу рано за вакви имиња, што очекувано не им се допаднало ниту на челниците на турнирот на париската црвеница. Токму поради тоа паднала одлука да се менува „конструкцијата“ на ждребот.
-Правилата околу ждребувањето најверојатно ќе се менуваат. Тоа ни го дозволува правилникот на турнирот. Моето лично мислење е дека е грев Ѓоковиќ и Надал да се сретнат во четвртфиналето. Досега не сме го користеле правото да ги менуваме правилата, меѓутоа пред почетокот на годинашното издание на „Ролан Гарос“ ќе ја разгледаме и оваа можност, изјавил директорот на грен-слем турнирот, Гај Форж, за францускиот магазин „Л’Екип“.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град