Фелипе Маса повторно ќе седне во шампионскиот болид Ф2007.
Бразилецот имал желба сезоната да ја заврши со уште еден тест со болид на Ферари, а тимот од Маранело му излезе в пресрет и му дозволи да има уште една проба со нивниот болид. Не е точно прецизирано кој ден ќе се одржи тестот, но познато е дека на располагање ќе биде шампионскиот болид од 2007 година опремен со специјални гуми.
Тестот веројатно ќе се одржи на патеката Муџело, но најголем проблем е дождот кој ќе биде присутен во таа област деновиве. Разговорот со претпоставените се одржал за време на Божиќниот фестивал во Маранело, каде Маса заедно со тест возачите Лука Бадоер и Марк Хене делел подароци на вработените. – Сакав да влетам во Формула 1 болид пред крајот на годината, па максимално го искористив престојот во Маранело. Сакам да се заблагодарам на Ферари за овој подарок, – изјави Маса. По опоравувањето од тешките повреди здобиени во Унгарија летово, Маса имаше еден тест со Ф2007 и еден со овогодинешниот болид на Финалето на Ферари одржано во Валенсија. Периодов настапуваше на две картинг трки, при што во првата имаше една поединечна победа и севкупно второ место, а забележа победа на Грања Виана 500 милји во Бразил. Позитивниот период по повредата го одбележа и неодамна добиениот статус на родител, што му донесе радост на приватен план.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град