Мареј сака засилени допинг контроли во тенисот

Олимпискиот шампион Енди Мареј побара повеќе допинг тестови во тенисот.

 |  Голабовски Крсте  | 
Andy Murray
Енди Мареј

Светскиот тенисер број 3 смета дека со зајакнување на антидопинг контролата ќе се намали можноста за скандали, слични на оној со велосипедистот Ленс Армстронг.Мареј е подготвен да се намалат наградните фондови на турнирите, за да може да се одделат повеќе средства за тестови и за зачувување на имиџот на спортот.

“Од водечките организации и АТП зависи да инвестираат дел од нашите пари за да се прават повеќе проверки. Ако тоа значи да се земат од приходите на играчи, тогаш нека се направи така”, изјави тој .

“Во последно време често слушам како се поставуваат прашања дали во тенисот постои допинг или не. Не знам како се определува дали еден спорт е чист. Ако еден од 100 играчи користи забранети супстанци, за мене тоа значи дека спортот не е чист”, коментираше уште Мареј.

“Треба да се направи се што е можно тенисерите, кои се натпреваруваат на највисоко ниво, па и подолу, да се проверуваат почесто”, изјави Шкотланѓанецот, кој пред една недела играше финале на Австралија Опен.

Andy Murray“Според мене, треба да се воведат биолошки пасоши и да се прават повеќе крвни примероци. За себе знам дека сум чист, но можам само да се надевам дека тоа важи и за останатите тенисери”, додаде Мареј.

Тој изрази загриженост дека според последната статистика за сезоната 2011, од 2.150 тестови во тенисот само 131 биле крвни, а само 21 од нив се направени во услови надвор од турнирите. За време на Австралија Опен, лидерот во ранглистата Новак Ѓоковиќ исто така, изрази изненадување за намалениот број на примероци.
Неодамна Ленс Армстронг призна за користење допинг при освојувањето на седумте титули од “Тур де Франс”, а Мареј објави дека не сака вакво нешто да се случува во тенисот.

“Не сакам ова да се случува во мојот спорт, зашто ќе биде ужасно. Секоја недела се открива нешто ново и ќе биде лошо за спортот”, рече тој.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top