Шампионот на Англија Манчестре Јунајте се уште е заинтересиран за услугите на играчот на Интер, Маикон.
Изминатово лето името на Бразилецот беше често поврзувано со “црвените ѓаволи” но не дојде до трансфер на овој фудбалер. Агентот на играчот излезе со изјава дека Манчестер Јунајте се уште е заинтересиран за неговиот клиент.
“Манчестер Јунајтед се уште се интересира за мојот клиент. Тој е еден од најдобрите фудбалери на позицијата десен бек и сигурно ќе има место за него во тимот на ‘црвените ѓаволи’. Раководните луѓе на клубот ме контактираа неколку пати за да прашаат која ќе биде сумата која треба да ја платат за евентуален трансфер. Све е во рацете на раководството на Интер” изјави Антонио Калеидо.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град