Манчестер Јунајтед не се подобри од Ливерпул

Менаџерот на Ливерпул, Рафаел Бенитез уште еден пат оваа сезона се впушти во вербална пресметка со својот колега од Манчестер Јунајтед, сер Алекс Фергусон.

 |  Крсте Голабовски  | 
Rafael Benitez
Рафаел Бенитез

Менаџерот на Ливерпул, Рафаел Бенитез уште еден пат оваа сезона се впушти во вербална пресметка со својот колега од Манчестер Јунајтед, сер Алекс Фергусон.

Црвените ѓаволи” може да станат шампиони уште денес, но според Бенитез, тоа не значи дека нивниот тим е подобар од неговиот.

“Тие се едноставно тимот кој собра повеќе поени, тоа е се”- кажа шпанскиот стратег.

Rafael Benitez“Понекогаш многу значи да си подобар во почетокот на сезоната, понекогаш во средината, а може да биде важна и постојаноста, но во овој момент тие имаат повеќе поени”- додаде тој.

“Јас никогаш не сум кажал дека ќе играме со 100% од нашите способности и сметам дека тоа се случило неколку пати”- вели Бенитез. “Многу ги ценам другите тимови, но не е лесно да се каже кој е најдобар од нив – има многу добри тимови во Премиер лигата”.

Ливерпул има постигнато повеќе погодоци, има загубено најмалку мечови – само два – и има најдобра гол разлика во Премиер лигата. Доколку собере максимум поени во последните две средби ќе постави нов рекорд во собрани поени – 86. Така, Црвените може да го подобрат рекордот од 2005/06, кога имаа 82 поени. Доколку не запишат пораз во последните две средби тие ќе станат единствениот тим, кој има само два порази, но не успеа да стане шампион.

Според Бенитез, успехот на Манчетсер Јунајтед се крие најмногу во финансиската моќ и малку помалку среќа.

“Тие навистина трошат повеќе од нас. Ако почнат да грешат може да ги сменат играчите. Сепак јас сум навистина задоволен од сезоната иако, за жал, можевме повеќе”- коментира тренерот.

“Но тоа што Јунајтед има повеќе поени значи само дека има повеќе поени, ништо друго”- заврши Бенитез.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top