Англискиот фудбалски премиерлигаш, Манчестер Сити објавил дека се откажале од идејата во своите редови да го ангажираат Самуел Ето.
Англискиот фудбалски премиерлигаш, Манчестер Сити објавил дека се откажале од идејата во своите редови да го ангажираат Самуел Ето.
Сити и понуди на Барселона 25 милиони евра за напаѓачот, но Камерунецот не беше премногу воодушевен, а по оддолговлекувањето со конечниот одговор, Англичаните одлучиле да се повлечат од целата работа.
“Без двоумење, Самуел Ето е одличен играч, но околностите кои го опкружуваат се такви да не можно е трансферот да се заврши” – објаснил на клупската интернет страница шефот на Сити, Гери Кук.
“Имаме јасна стратегија околу ангажирањето на фудбалери и ќе продолжиме и во иднина да ја спроведуваме” – додал Кук. При споменувањето на “јасната стратегија”, Кук веројатно алудирал на финансиските барања на Ето (Камерунецот бараше 18 милиони евра годишно и 14 милиони само за потпис на договорот), што очигледно ниту пребогатите газди на Сити не можеле да си го дозволат.
Ето добил понуда и од Барселона за нов двегодишен договор, а англиските медиуми изминатите денови го споменуваа и интересот на Манчестер Јунајтед, но конечна одлука за иднината на Камерунецот сеуште нема.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град