• Почетна
  • Archive
  • Спорт
  • Македонските ракометари денес против репрезентацијата на Исланд

Македонските ракометари денес против репрезентацијата на Исланд

На македонскиот селектор Ивица Обрван му е јасно дека тој и неговите избраници се соочуваат со огромен предизвик на денешниот дуел со Исланд, селекција што според нашиот кормилар е поквалитетна од Унгарија.

 |  Голабовски Крсте  | 
rakometna reprezentacija
ракометна репрезентација

На македонскиот селектор Ивица Обрван му е јасно дека тој и неговите избраници се соочуваат со огромен предизвик на денешниот дуел со Исланд, селекција што според нашиот кормилар е поквалитетна од Унгарија.

Ивица ОбрванСамо два дена откако беа убедливо поразени од Унгарците, македонските репрезентативци денеска со почеток од 16 часот ќе излезат на мегдан со Исланд, ривал против исто така имаме негативна традиција, со само две победи во последните единаесет меѓусебни дуели.

„Сакавме серијата добри резултати да продолжи, но за жал не успеавме да одиграме на своето ниво против Унгарија. Нормално е со секој пораз малку да се наруши и атмосферата, но сепак во овие два дена работевме напорно на подготовките за дуелот со Исланд. Според мене во моментов Исланѓаните се поквалитетна селекција од Унгарците, иако ремизираа во меѓусебниот дуел, па јасно е дека ќе мораме да одиграме најдобро што знаеме ако сакаме да се надеваме на позитивен резултат. Опасноста доаѓа од сите страни, тие го имаат Сигурдсон како едно од најдобрите леви крила во светот, извонредни бекови и фантастичен пикер, сигурно ќе извршат голем притисок врз нашата одбрана, која ќе мора да биде компактна во текот на сите 60 минути. Не е никаква тајна дека брзината е нивна главна одлика, сите се движат одлично во транзиција и тоа е нешто на што ќе мораме да внимаваме на денешниот дуел“ – изјави Обрван.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top