• Почетна
  • Archive
  • Спорт
  • Македонскиот ракометен репрезентативец Борко Ристoвски, вистински „Министер за одбрана“

Македонскиот ракометен репрезентативец Борко Ристoвски, вистински „Министер за одбрана“

„Министерот за одбрана“, Борко Ристовски имаше извонредна вечер против австриската селекција, одбранувајќи 19 од 38 шутеви кон неговиот гол (50 проценти), со што беше најзаслужен за триумфот од 22:21, по кој Македонија се пласира во следната фаза.

 |  Голабовски Крсте  | 
borko ristovski
борко ристовски

„Министерот за одбрана“, Борко Ристовски имаше извонредна вечер против австриската селекција, одбранувајќи 19 од 38 шутеви кон неговиот гол (50 проценти), со што беше најзаслужен за триумфот од 22:21, по кој Македонија се пласира во следната фаза.

Македонските ракометари ги продолжуваат натпреварите на Европското првенство во Данска, а голманот Борко Ристовски по натпреварот истакна:

borko ristovski-Одигравме тежок и квалитетен натпревар против ривал, кој истотака сакаше да пренесе бодови во следната фаза. Нашата репрезентација беше на ниво и колку се сеќавам ова е најдобар старт на репрезентацијата на големо натпреварување бидејќи пренесуваме два бода. Натпреварот беше исцрпувачки на психички план повеќе, отколку на физички. Во ваков случај со една победа сме во првите 8 селекции на првенството. Сега да се одмориме и да уживаме и ние и цела Македонија, по сето она што ни се случуваше, заврши Ристовски, кој имаше 19 одбрани.

Македонија во следната фаза првиот натпревар го игра против Унгарија во сабота (18.01) од 16 часот, следен ривал ни е Исланд во понеделник (20.01) истотака во 16 часот, а во истиот термин играме и против Шпанија во среда (22.01).

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top