Машката ракометна селекција на Македонија денеска (ждрепката почнува во 11 часот во Белград) ќе ги дознае ривалите за квалификациите за Европското првенство што 2012 година ќе се одржи во Србија.
Машката ракометна селекција на Македонија денеска (ждрепката почнува во 11 часот во Белград) ќе ги дознае ривалите за квалификациите за Европското првенство што 2012 година ќе се одржи во Србија.
Македонската репрезентација се наоѓа во вториот шешир заедно се селекциите на Шпанија, Исланд, Чешка, Словенија, Русија и Словачка.
Евентуални ривали од првиот шешир се: Хрватска, Данска, Полска, Германија, Норвешка, Шведска и Унгарија.
Трет шешир: Австрија, Црна Гора, Белорусија, Украина, Романија и Босна и Херцеговина.
Четврти шешир: Швајцарија, Грција, Литванија и трите првопласирани репрезентации од претквалификациите групи. Бидејќи имаат ист број бодови непосредно пред жрепката ќе биде решено исто така со ждрепка меѓу Холандија и Португалија, која селекција ќе биде во третиот, а која во четвртиот шешир.
Квалификациите почнуваат во октомври 2010 година, а треба да завршат до јуни 2011 година.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град