Победа со соборен светски рекорд, оствари вчера машката кугларска репрезентација на Македонија на стартот на Светското првенство (СП) кое се одржува во Детенхајм, Германија.
Победа со соборен светски рекорд, оствари вчера машката кугларска репрезентација на Македонија на стартот на Светското првенство (СП) кое се одржува во Детенхајм, Германија.
Македонија во првото коло од натпреварите по групи ја совлада селекцијата на Босна и Херцеговина со 5:3, а македонскиот репрезентативец Борис Бенедик успеа да го собори светскиот рекорд со соборени 698 кегли. Само две му недостасуваа за да стигне до неверојатната бројка од 700 соборени кегли.
По одличниот старт, на Македонија и претстојат средби со Хрватска и со селекцијата на Србија.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град