Македонија со учесник на Берлинскиот маратон

На 36-тиот Берлински маратон, што се одржа во недела, меѓу 41. илјада учесници, учествуваше и Милош Јовановиќ, студент од Македонија.

 |  Крсте Голабовски  | 
maraton
маратон

На 36-тиот Берлински маратон, што се одржа во недела, меѓу 41. илјада учесници, учествуваше и Милош Јовановиќ, студент од Македонија

maratonОва е прво учество на еден Македонец на овој престижен спортски настан во светски рамки.
Стартот на маратонот како и целата трка, на патеката од 42 километри ја следеше амбасадорот на Република Македонија во Сојузна Република Германија, Ѓорѓи Филипов. Посебна блиска средба, меѓу амбасадорот и македонскиот маратонец имаше, на 33 километар од патеката, на „Савињин плац“ каде со развиорени македонски знамиња беше поздравено учеството на претставникот од Македонија.
По четврти пат, на Берлинскиот маратон со време од 2:06:08 часа победи познатиот маратонец од Етиопија, Хајле Гебрселасие, кој како што објавија германските медиуми, одвај имаше сила да крене раце во финишот на 36-тиот Берлински маратон. При тоа тој изјави дека не е лесно да се победи во Берлин.
На сите учесници на маратонот им беа доделени медали со ликот на најдобриот маратонец Хајле Гебрселасие и со изгравирано време на наговиот светски рекорд од 2:03:59 освоено минатата година на Берлинскиот маратон. Според податоците што ги објавива организаторите на Маратонот на улиците на Берлин и пред Бранденбуршката порта, каде што беше стартот и целта го следеа повеќе од еден милион гледачи, соопшти амбасада на Република Македонија во Берлин.
Милош Јовановиќ, моментно ги завршува студиите по економија, односно ја подготвува дипломската работа на Универзитетот во Вупертал. Со тенис се занимава повеќе од 20 години, и со доаѓањето на студии во Германија, пред околу шест години продолжува да игра тенис во клубот во Вупертал, кој се натпреварува во тениската лига на германската сојузната држава Северна Рајна Весфалија.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top