• Почетна
  • Archive
  • Спорт
  • Македонија – Норвешка од квалификацискиот циклус за СП во 2010 година

Македонија – Норвешка од квалификацискиот циклус за СП во 2010 година

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва од 20:30 часот во Осло гостува на Норвешка во својот последен натпревар од  квалификацискиот циклус за Светскотот првенство кое во 2010 година треба да се одржи во Јужна Африка.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого

Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва од 20:30 часот во Осло гостува на Норвешка во својот последен натпревар од  квалификацискиот циклус за Светскотот првенство кое во 2010 година треба да се одржи во Јужна Африка.

reprezentacijaВо групата 9 покрај натпреварот во Осло во ист термин се игра и натпреварот во Глазгов, Шкотска – Холандија.
На табелата прва е Холандија со 21 бод (7 натпревари), Шкотска 10 (7), Македонија 7(7), Норвешка 7(7) и Исланд 5(8).
На фудбалските терени низ Европа ќе се одиграат натпреварите и од другите групи.
Во групата 1 двојките се: Малта – Шведска, Албанија – Данска и Унгарија – Португалија. На табелата води Данска со 17 бодови (7 натпревари), Унгарија е втора со 13 и Шведска со 12.
Три натпревари ќе се играат и во групата 2: Израел – Луксембург, Летонија – Швајцарија и Молдавија – Грција.
Прва е Швајцарија со 16 бодови 0д седум натпревари.
Групата 3 може да донесе и разврска со натпреварите кои се играат вечерва. Двојките се: Чешка – Сан Марино, Северна Ирска – Словачка и Словенија – Полска. Водечка е селекцијата на Словачка со 16 бодови (7).
Во групата 4 фаворитите би требало да имаат лесна задача. Лихтенштајн – Финска, Германија – Азербејџан и Велс – Русија. Води Германија со 19 бодови пред Русија со 18. Шпанија дома во дуелот со Естонија ќе ја брка осмата победа во групата 5.

Интересно се очекува да биде на дуелот меѓу Босна и Херцеговина и Турција, а Ерменија е домаќин на Белгија во групата 5. Шпанија води со 21 бод.
Во групата 6 дербито е на Вембли меѓу Англија и Хрватска. И Англичаните бркаат максимален учинок и со тоа пласман на СП.Во Минск ќе играат Белорусија и Украина, додека Андора е домаќин на Казахстан.
Англија е лидер со 21 бод.
Најинтересниот натпревар од групата 7 е во Белград каде Србија ја пречекува Франција. Во другите двојки: Фарски острови – Литванија и Романија – Австрија. Води Србија со 18 бодови.
Во групата осум двојките се: Црна Гора – Кипар и Италија – Бугарија.  Прва е Италија со 17 бодови.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top