Македонија – Холандија 1:2

Фудбалската селекција на Македонија во вториот натпревар во квалификациите за пласман на Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година, вечерва на Градскиот стадион во Скопје, загуби од Холандија со 1:2.

 |  Крсте Голабовски  | 

Фудбалската селекција на Македонија во вториот натпревар во квалификациите за пласман на Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година, вечерва на Градскиот стадион во Скопје, загуби од Холандија со 1:2.

Головите за Холанѓаните ги постигнаа Џони Хејтинга на почетокот на второто полувреме во 46 минута и Ван дер Варт во 60 минута, а за Македонија Горан Пандев во 77 минута.
Пандев претходно уште двапати го совлада холандскиот голман Стекеленбург во 36 и 67 минута, но головите беа поништени поради офсајт.

Вечерашниот напревар беше трет македонско-холадски дуел. Претходните два беа во квалификациите за Светското првенство во Германија во 2006 и завршија без победник. Пред четири години во Скопје беше 2:2, а година подоцна во Амстердам 0:0.

 

Македонија, по триумфот против Шкотска во премиерниот меч од квалификациите и поразот од Холандија, има три бода во групата 9, во која се уште и Норвешка и Исланд. Само првопласираната репрезентација во групата ќе игра на Мундијалот во Јужна Африка. Следното коло се игра на 11 октомври, а Македонија ќе биде слободна. За Македонија ова е четврти квалификациски циклус за пласман на светските првенства. Сите досегашни ги заврши без успех.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top