Македонија на гости кај третите во светот

Македонската фудбалска репрезентација денеска ги продолжува квалификациите за пласман на СП со тешко гостување против Холандија, трето рангираната репрезентација на светот.

 |  Крсте Голабовски  | 
logo
лого

Македонската фудбалска репрезентација денеска ги продолжува квалификациите за пласман на СП со тешко гостување против Холандија, трето рангираната репрезентација на светот.

Натпреварот е во рамки на 9.квалификациона група, во која Холандија по четири меча е лидер со максимален учинок.

Македонија има скор од една победа и два порази, но се уште е во игра за второто место во групата, кое обезбедува бараж за пласман на Мундијалот 2010.

Мечот започнува во 20,45 часот, а според најавите, вечерва на „Амстердам арена“ ќе има околу 1,500 македонски навивачи.

logoОва ќе биде второ гостување на Македонија кај силната Холандија, по изненадувачкото реми без голови пред околу четири години.

Холандија во септември минатата година гостуваше во Скопје и победи со 2-1.

Во вториот натпревар од квалификациона група, Шкотска денеска е домаќин на Исланд.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top