Македонија домаќин на ЕП во фудбал за жени до 19 години

Македонија од 25 мај до 5 јуни годинава ќе биде домаќин на европското првенство во фудбал за жени до 19 години.

 |  Маја Савиќ  | 
fudbal zeni
фудбал жени

fudbal zeniМакедонија од 25 мај до 5 јуни годинава ќе биде домаќин на европското првенство во фудбал за жени до 19 години.

Натпреварите ќе се одиграат во Скопје и Куманово на четири стадиони и тоа на Арената Филип Втори во Скопје, Железарница-стадионот на Металург во Автокоманда, Стадионот Борис Трајковски во Скопје и Милано-арената во Куманово.

На европското првенство ќе учествуваат осум репрезентации, Англија, Франција Германија, како и Шпанија, Италија, Холандија, Шкотска и репрезентацијата на Македонија како домаќин.

Осумте репрезентации ќе бидат поделени во две групи, со по четири репрезентации, а утре во малата сала на арената Борис Трајковски со почеток во 18 часот ќе бидат извлечени и ждрепките со кои ќе се одредат групите.

Од понеделник ќе биде отворен специјален интернет сајт на кој граѓаните ќе можат да се информираат за распоредот, а сите натпревари за Европското првенство ќе бидат бесплатни за следење.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top