Машката ракометна репрезентација на Македонија е на прагот на голем успех односно само чудо може да ја спречи да не игра на следното Европско првенство во Србија на почетокот на идната година.
Победата над Естонија со 31 – 25 синоќа во Полва веројатно значи враќање на нашиот машки репрезентативен ракомет на Европско првенство по пауза од 13 години.
Последен пат 1998-та година игравме во Италија. Голема работа за нас вечерва заврши Унгарија која ја совлада Босна и Херцеговина во Високо и дефинитивно ја отпиша од трката за втората позиција. Единствената лоша комбинација за Македонија е пораз во Скопје од Босна и триумф на Естонија во Унгарија во последното коло идниот викенд што е тешко остварливо.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град