Околу 600 шахисти од 35 држави, меѓу кои и десетината најдобро рангирани во светот, ќе настапат на годинешниот Европски куп на клубови во шах, чиј домаќин е Македонија.
Европскиот клупски шаховски куп, кој што од денеска до 11 октомври се одржува во Охрид е 25-ти по ред во машка и 14-ти во женска конкуренција.
На првенство ќе учествуваат 58 клубови во машка и 14 во женска конкуренција. Шахистите ќе ги играат партиите во хотелот Инекс Горица, а шахистките во хотелот Гранит.
Годинешниот европски клупски куп во шах ќе има досега најголем паричен фонд во висина од 45.000 евра, обезбедени од Владата на Македонија
„Сигурни сме дека ова ќе биде досега најдобро организираното европско клупско шаховско првенство“, најави претседателот на Шаховската федерација на Македонија и на Организациониот одбор Петар Гичаровски.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град