Македонија еден од домаќините на женската ЛШ

Македонија од денеска е домаќин на една од квалификационите групи во најелитното европско фудбалско натпреварување, Лигата на шампиони (ЛШ), во женска конкуренција.

 |  Крсте Голабовски  | 
tabeli
табели

Македонија од денеска е домаќин на една од квалификационите групи во најелитното европско фудбалско натпреварување, Лигата на шампиони (ЛШ), во женска конкуренција.

logoЖенската ЛШ, во ист формат како и во машка конкуренција, премиерно започнува од оваа година, а Македонија ја доби довербата од УЕФА да биде домаќин на квалификациите во рамки на групата Б.

Домаќин на квалификациониот турнир е македонскиот првак Тиквешанка, во група со апсолутниот фаворит францускиот Монпеље, бугарската НСИ Софија, како и Калксвикар од Фарски острови.

Натпреварите ќе се играат на стадионите „Младост“ во Струмица и „Кукуш“ во Турново.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top