Десниот бек на Интер со фантастичен волеј удар го отвори резултатот на дуелот со Јувентус и му помогна на својот тим привремено да се врати на врвот на табелата.
Откако ја затресе мрежата на Буфон, Маикон се упати кон клупата на Интер за да го прослави погодокот а потоа се им се обрати на фановите допирајќи го знакот на Интер од неговиот дрес и велејќи ’Јас останувам тука’.
Покрај бразилскиот интернационалец во листата на стрелците се запиша и Самуел Ето, кој е задоволен од освоените три бода.
“Завршија двата најтешки натпревари – дуелите со Фиорентина и Јувентус. Денеска топката едноставно не сакаше да влезе, Јувентус играше многу дефанзивно и одолеваше на нападите се додека Маикон не постигна прекрасен погодок.” – рече Ето.
“Искулучувањето на Сисоко? Таков е фудбал, натпреварот беше многу физички, натпревар за мажи.”
“Важно е тоа што освоивме три бода и сега можеме да се фокусираме на дуелот со Барселона во вторник.”
“Тимската работа беше многу поважна од мојот погодок, што само ни даде дополнителна смиреност. Она што најмногу ми се допадна е тимскиот дух. Пред насе се само уште неколку натпревари и треба да продолжиме да се бориме. Можме да успееме.”
За дуелто со неговиот поранешен клуб, Барселона во Лигата на Шампионите, Ето рече: “Потребно е да се подготвуваме за овој натпревар со голема смиреност и да го почуствуваме овој натпревар во нашите мисли бидејќи ваквите натпревари повеќе се играат со мозокот отколку со стапалата.”
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град