Манчестер или Реал?

Еден од двата великани ќе ги заврши настапите во ЛШ. Вечерва ќе се знае дали „Црвените ѓаволи“ или „Кралевите“ ќе се простат од елитното натпреварување.

 |  Голабовски Крсте  | 
aleks ferguson
алекс фергусон

Еден од двата великани ќе ги заврши настапите во ЛШ. Вечерва ќе се знае дали „Црвените ѓаволи“ или „Кралевите“ ќе се простат од елитното натпреварување.

Манчестер Јунајтед или Реал Мадрид вечерва ќе завршат со настапите во Лигата на шампионите. Нивниот дуел кој на „Олд Трафорд“ ќе започне во 20 часот и 45 минути ќе го даде одговорот кој од овие два европски фудбалски великани ќе обезбеди четвртфинале.
На првиот натпревар во Мадрид беше 1:1, па домаќинот поради гол постигнат на гости влегува во реваншот со мала предност, но Реал на тој дуел беше подобар и создаде повеќе шанси за гол.

karim benzemaДвете екипи во домашните првенства викендот забележаа победа, Реал над Барселона, Манчестер против Норвич, во средби во кои неколкумина фудбалери добија поштеди од тренерите за поподготвени и поодморени да влезат во вечерашниот спектакл.
Во составот на Манчестер ќе отсуствува Фил Џонс кој се повреди на натпреварот против Рединг во ФА Купот, но затоа најавено е враќање во екипата на Рио Фердинанд кој беше болен.

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо нема поголеми проблеми околу составувањето на тимот, а во него го вклучи и Икер Касиљас, но сепак голманот на шпанската репрезентација сеуште не е подготвен за настап, тако што Диего Лопез ќе продолжи да брани на голот на кралевите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top