„Летечкиот Џордан“ го прослави својот 50-ти роденден

Најдобриот кошаркар на сите времиња, популарниот Летачки Џордан, вчера го прослави својот јубилеен 50. роденден.

 |  Голабовски Крсте  | 
Michael Jordan
Мајкл Џордан

Најдобриот кошаркар на сите времиња, популарниот Летачки Џордан, вчера го прослави својот јубилеен 50. роденден.

Џордан ќе остане запаметен во историјата на НБА и светската кошарка како најдобар на сите времиња, играч што воведе нови димензии и оствари многу рекорди во најсилната кошаркарска лига во светот, НБА, во која три пати се враќаше по повлекувањето. Најновото негово „враќање“ е сѐ уште актуелно, по изјавите на блиските негови пријатели, кои велат дека Летачкиот во последниве три-четири месеци сѐ поактивно и посериозно тренира со играчите од тимот на кој е газда, Шарлот бобкетс.

Michael JordanЏордан се повлече од активно играње во 2003 година, со шест освоени шампионски прстени, како лидер во лигата со најмногу поени на еден плејоф-дуел со 63 против Бостон во 1986 година, најмногу поени во плејофот (5.978), како и најголем просек на поени во плејофот (33,4). Во кариерата постигнуваше просечно по 30,12 поени по натпревар, што е највисок просек во историјата, најмногу поени постигнал во едно полувреме, 35, во финалето на НБА во 1992 година против Портланд треилблеизерс. Со вкупно 32.292 поени е трет на вечната листа на стрелци зад Карим Абдул Џабар и Карл Мелоун, но предноста на Џордан е во тоа што тоа го стори во над 400 натпревари помалку од овие двајца. Околу споредбата на двајцата моментно најдобри кошаркари во НБА, Коби Брајант и Леброн Џејмс, деновиве имаше и негова изјава за американските медиуми, во која Џордан вели дека за него Брајант е подобар од Џејмс, ако не по друго, по шампионските титули.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top