Лео Меси самоуверен

Сите патишта водат во Рим! Учесниците во финалето од Лигата на Шампионите, Манчестер Јунајтед и Барселона ги прават последните подготовки пред дуелот на сезоната на „Олимпико“.

 |  Крсте Голабовски  | 
Ronaldo i mesi
Роналдо и Меси

Сите патишта водат во Рим! Учесниците во финалето од Лигата на Шампионите, Манчестер Јунајтед и Барселона ги прават последните подготовки пред дуелот на сезоната на „Олимпико“.

Каталонците во вечниот град пристигнуваат во вторник, Англичаните ден порано, во секој случај, в среда следи дуелот на титаните.
Барселона во саботата навечер и официјално беше крунисана во првенството на Шпанија. Капитенот Карлес Пујол го прими големиот пехар, 19 титула во историјата на Барселона, но нема време за прослава. Пеп Гвардиола на играчите строго им го органици времето за опутање, веднаш потоа сите се насочија кон мечот со “црвените ѓаволи”.

Лео Меси секако ќе биде еден од главните адути на шпанската екипа, а негов голем мотив за победа ќе биде тоа што во мај 2006 година поради повреда го пропушти финалниот меч со Арсенал.

Лео Меси“Тоа што не играв во Париз и понатаму психички ме прогонува. Бев само гледач, затоа сега сакам да се радувам во Рим. Играме против голем тим, нивната игра е многу возбудлива. Најдобри се кога играат со максимално темпо, но добри се кога играат и стрпливо” – Аргентинецот упатил пофални зборови на сметка на противникот.

Талисманот на Барселона смета дека и покрај силата на Јунајтед, неговиот тим може да дојде до третиот пехар на УЕФА.

“Ако во Рим ја играме нашата игра, волшебно, брзо и дисциплинирано, не може да не славиме! Ова е поинаква Барселона од онаа која играше против Манчестер минатата сезона во полуфиналето. Чувствувам дека среќата ќе биде со нас ако играме според сопствениот систем. Ако отстапиме од тоа – не ни се пишува добро” – вели водечкиот стрелец во Лигата на Шампионите.

Сите очи ќе бидат насочени кон него и Кристијано Роналдо. Португалецот би можел да биде најголемата закана за одбраната на Барселона.

“Роналдо е секогаш закана, но не е единствениот опасен играч на Манчестер. Тие не се тим кој се потпира на еден играч. Сепак, треба да го спречиме Роналдо да ја има топката во нозе, бидејќи е многу вешт и брз. Има одличен дриблинг, шут и е незгоден од прекини. Исто така, мислам дека и Тевез е сличен на него, и тоа не го велам затоа што ми е другар од репрезентацијата” – потенцирал Меси.

Од таборот на Манчестер, синоќа можеа да се слушнат многу поинакви ноти кога е во прашање Кристијано Роналдо. Додека медиумите на Островот постојано зборуваат дека ќе се пресели во Реал, Португалецот рекол дека тоа не е точно.

“Ова е мојот дом. Дури и кога ќе кажам дека срцето ми припаѓа тука, луѓето постојано пишуваат дека заминувам. Манчестер е клуб за кој сакам да играм. Овој тим може да влезе во историјата, шефот верува во нас и сакаме нови трофеи” – порачал Роналдо.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top