ЛАЗАРОВ, ЕДЕН ОД ДЕСЕТТЕ НАЈДОБРИ РАКОМЕТАРИ ВО ЕВРОПА

Кире Лазаров доби уште едно значајно признание во својата кариера, откако беше избран меѓу десетте најдобри ракометари за 2018 година.

 |   | 

Кире Лазаров доби уште едно значајно признание во својата кариера, откако беше избран меѓу десетте најдобри ракометари за 2018 година. Македонскиот капитен имаше одлични настапи во дресот на националниот тим во првата фаза на ЕП во Хрватска, предводејќи го Нант и до место во големото финале од Лигата на шампионите. Воедно, Лазаров во Келн стана најдобар стрелец во историјата на фајналфор турнирите, па апсолутно заслужено се најде на списокот што европската куќа на ракометот го објави утрово.

Покрај Лазаров, место во Топ 10 има за уште еден член на Нант, и тоа голманот Сирил Думулан. Французинот е еден од тројцата голмани во ова избрано друштво, заедно со Винсен Жерар од Монпелје и Арпад Штербик, кој добрите игри од Вардар ги продолжи во дресот на Веспрем.

Меѓу десетте најдобри ракометари за 2018 има место за уште еден поранешен „вардарец“, Алекс Душебајев, кој e предводник на тимот на Кјелце. Најдоброто од 2018 го комплетираат Диего Симоне, кој беше избран за МВП на Ф4 турнирот во Келн, потоа Анди Шмид од Рајн-Некар Левен, норвешкиот пивот на Скјерн, Барте Мирхол, како и бековскиот тандем на ПСЖ, Недим Ремили – Сандер Сагосен.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top