Лацио не го дава Пандев

Македонскиот фудбалски интернационалец Горан Пандев ќе може да го напушти летово Лацио само со добра волја на раководството на тимот од Олимпико.

 |  Крсте Голабовски  | 
Goran Pandev
Горан Пандев

Македонскиот фудбалски интернационалец Горан Пандев ќе може да го напушти летово Лацио само со добра волја на раководството на тимот од Олимпико.

Goran PandevПред квалификацискиот натпревар на Македонија со Исланд, Пандев потврди дека чека дозвола од Лацио да побара друг клуб, во летниот преоден рок.

Најдобриот македонски фудбалер разговарал со претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, и истакна дека засега ќе ја почитува желбата на римскиот клуб. Се погласни се убедувања дека „небесносините“ сакаат да го задржат Пандев во своите редови и за следната сезона.

– Како што стојат работите, најверојатно ќе останам во истата екипа и следната сезона. Лацио не е заинтересиран да преговара со други клубови, истакна Пандев.Како што пренесуваат италијанските медиуми, од таборот на Лацио велат дека не е пристигната ниту една понуда за македонскиот репрезентативец на адресата на „небесносините“.На Пандев му истекува договорот со Лацио во јуни 2010.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top