Се одиграа 5 натпревари од лигата на шампиони, во кој поголем успех имаа гостинските екипи.
Копенхаген – Апоел 1:0
Данскиот првак оствари победа во првиот натпревар против кипарскиот Апоел благодарение на погодокот на чешкиот интернационалез Зденјек Поспеха во 54. минута.
Спортинг – Фиорентина 2:2
Италијанците водеа со голот на Варгас во шестата минута, изедначи црногорецот Вукчевиќ во 58. минута. Мигел Велонсо 8 минути подоцна зголеми на 2:1 за Спортинг, а Џилардино во 79. минута го постави конечниот резултат.
Селтик – Арсенал 0:2
Во дербито на колото Арсенал во Глазгов со 2:0 го совлада Селтик. Стрелци на головите беа Галас во 43 минута и во 71 Колдвел ја затресе сопствената мрежа.
Шериф – Олимпијакос 0:2
Грчкиот Олимпијакос со головите на Дуду во 46. и Мотроглу во 81. обезбеди поволен резултат на гостувањето кај молдавскиот шампион Шериф.
Темишвар – Штутгарт 0:2
Многу близу до пласман во лигата на шампиони е и германскиот Штутгарт кој со головите на Гебхарт и Хлеб славеше против унгарскиот Темишвар.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град