Разочаран навивач на Манчестер јунајтед во Нигерија усмрти четири навивачи на Барселона.
Навивач на Манчестер јунајтед, синоќа, со своето возило во нигерискиот град Огбо усмрти четворица навивачи на Барселона, а настанот се случи по завршувањето на финалниот натпревар од Лигата на шампиони во кој англискиот шампион во Рим беше поразен со 2:0 од каталонскиот првак, пренесоа локалните медиуми.
Како што наведуваат очевидци на настанот, гневниот навивач со минибус „влетал“ во привзрениците на екипата на Гвардиола, кои на улица ја прославувале победата и освојувањето на шампионскииот пехар на Барселона.
Полициски извори соопштија дека возачот е веднаш уапсен и дека, покрај жртвите, во инцидентот се повредени и други десет лица.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град