Кравите јабана, ама злато во Сочи

Американката сноубордерка Кејтлин Фарингтон го освои златниот медал на Зимските олимписки игри во Сочи во халфпајп.

 |  Голабовски Крсте  | 
Kejtlin Farington
Кејтлин Фарингтон

Американката сноубордерка Кејтлин Фарингтон го освои златниот медал на Зимските олимписки игри во Сочи во халфпајп.

Голема заслуга за тоа имаат нејзините родители. Веќе десет години ја финансираат кариерата на нејзината ќерка Кејтлин во сноуборд.
На почетокот имале фарма со 250 крави, а за да може да патува нивната ќерка, родителите секој пат продавале дел од нивното богатство. По десет години повеќе немаат ниту една крава. Но затоа имаат олимписка победничка.

Kejtlin Farington„Им благодарам на мама и тато. Затоа што кога останатите деца ми се смееја колку сум грозна, тие не се откажаа од мене“, изјави 24-годишната Фарингтон.

Кејтлин е порасната на голем ранч во Ајдахо, а таа со години им помагала на родителите на фармата.

„Често му помагав на татко ми Гери да ги смести кравите во камион. Одевме на саем и заедно ги продававме. Парите одеа за мојата кариера“, истакна гордата Кејтлин, која изненадувачки освои злато во халфпајп.

„Секогаш и велев: Сè што имаме можеш да земеш. Сега немаме ништо, немаме фарма, но нашата ќерка успеа и тоа не прави многу горди“, вели таткото Гери.

Кејтлин извесен период заедно со нејзината сестра се натпреварувала и во родео, но вели дека подобро и одело бордањето.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top