Забранетиот костим за пливање од „Speedo“ употребен во модата

Добро познатиот костим за капење „Speedo LZR“, пред да биде забранет за конкурентна употреба во професионалните пливачки дисциплини, сруши дури 91 рекорд.

 |  Маја Савиќ  | 
speedo
speedo

speedo

Добро познатиот костим за капење „Speedo LZR“, пред да биде забранет за конкурентна употреба во професионалните пливачки дисциплини, сруши дури 91 рекорд. Големиот број златни медали кои ги освои американецот Мајкл Фелпс беа директно потпомогнати токму од овој костим. Сега, кога веќе не се употребува за компетитивни настани, група студенти од Лондонскиот колеџ за мода направи неколку неверојатни дизајни, со кои сакаат да и оддадат почит на кратката историја на костимот.
speedo
За сите нови дизајни се употребени инспирацијата и материјалите од стариот костим. Колку за потсетување, костимот беше забранет бидејќи го намалува триењето на пливачот низ водата, притоа овозможувајќи му  земање повеќе кислород за околу 5 проценти. Исто така, во него телото зазема оптимална позиција, поради стабилизаторот кој е изграден во форма на корсет.

speedo

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top