Хрватскиот скијач Ивица Костелиќ победи на слалом трката која се возеше во Алта Бадија.
Хрватскиот скијач Ивица Костелиќ победи на слалом трката која се возеше во Алта Бадија.
Костелиќ во двете трки беше најбрз и оствари вкупен резултат од 1:39,83 надминувајќи го за 20 стотинки второпласираниот француз Жан Батист Гранж. Третото место со задоцнување од 80 стотинки го зазеде австријанецот Бенџамин Рајх. Трката во Алта Бадија е возена дополнително, бидејќи минатат недела е одложена во Вал Дизер поради лошите временски услови.
Хрватскиот скијач беше најдобар во првото возење, бидејќи ги избегна сите замки на патеката и трката ја заврши со 53 стотинки предност во однос на фаворитот Гранж.
Ова е прва победа на Костелиќ од 15 декември кога триумфираше во Мадона ди Кампиљо. Костелиќ во саботата го освои и воторото место во велеслалом.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град