Конзорциум го купи АЗ Алкмар за едно евро

Новоформираниот конзорциум составен од локални фирми го откупи поранешниот холандски првак Аз Алкмар, кој во изминатава сезона дебитираше и во Лигата на шампионите за само едно евро.

 |  Маја Савиќ  | 
evra
евра

az alkamarПрвакот од минатата сезона, кога до шампионската титула стигна предводен од актуелниот кормилар на Баерн Минхен, Луис Ван Гал со оваа продажба се спаси од ликвидација. Во таборот на конзорциумот има и неколку доверители од минатото, кои сега го простиле долгот, па така минусното салдо на име долгови кое го има АЗ е само 3,9 милиони евра

Самиот конзорциум кој го презема клубот го има правото на името и сите маркетиншки права. Продаден е и стадионот, кој се викаше „ДСБ стадион“, крстен по ДСБ Банката, банкарската институција на чие чело беше Дирк Шеринг, кој беше и претседател, но таа банка лани во октомври банкротираше, а државата одби да ја санира.

Новиот газда го купу стадионот за 15 милиони евра, и го изнајми на клубот за 900.000 евра годишно. Во минатото АЗ беше номинален сопственик, но на годишно ниво таа привилегија го чинеше 2,7 милиони долари на име кредит. Сега финансиското заздравување на клубот, кој беше петти во штотуку завршената сезона, ќе продолжи со продажба на најдобрите фудбалери.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top