Кој губи има право да се лути

Русија и Катар домаќини на СП во 2018 односно 2022 година. Англија, иако можеби најподготвена за организација на мундијал, излезе најголем лузер.

 |  Маја Савиќ  | 
sep blater
Сеп Блатер

qatar i sep blater„Сите земји-кандидатки за организација на светските првенства ја пренесоа истата порака дека фудбалот е нешто повеќе од само игра. Победата не е сe во фудбалот. Тој е животно училиште каде што морате да научите да губите, а тоа не е лесно“, изјави претседателот на ФИФА, Сеп Блатер, на синоќешната гала-вечер по прогласувањето на домаќините на светските првенства во 2018 и 2022 година.

Две реченици што Англичаните никако да ги разберат. На вчерашното прогласување имаше многу губитници, но колевката на фудбалот се покажа како најголем „лузер“. Откако ја загубија организацијата на Мундијалот во 2018 година од Русија, никако не стивнуваат реакциите во англиската јавност, небаре е крај на светот. Самопрогласените фаворити за организација на најголемиот фудбалски настан доживеаја дебакл при гласањето. Англија доби само два гласа во прелиминарниот круг и не успеа да влезе во вториот круг. Можеби тоа најмногу ги боли „Островците“.
anglicanite
Холандија, Белгија, Шпанија и Португалија и честитаа на Русија за победата и добивањето на довербата да го организира Светското првенство, но „Гордиот Албион“ не може толку гордо да прифати пораз. Можеби единствениот Англичанец кој беше достоинствен во поразот беше принцот Вилијам, кој воедно е и претседател на Фудбалската федерација на Англија. „Морам да ? честитам на Русија. Сигурен сум дека ќе организираат добро Светско првенство. Жал ми е за навивачите во Англија. Направивме сe што можевме“, изјави принцот Вилијам.

Англија можеби е најподготвената земја да организира таков голем спортски настан како што е Мундијалот, а тоа добро се гледа и по добивањето на Олимписките игри, што ќе се одржат во Лондон во 2012 година. Ја има потребната инфраструктура, финансиите, фудбалската пасија, организацискиот капацитет и реално Англија може да го организира Мундијалот уште утре, но еве три факти што повеќе и помогнаа на Русија.

1. Англиски новинари ја обелоденија аферата со двајцата функционери на ФИФА, кои беа обвинети за корупција.
2. Во понеделникот на телевизијата ББЦ одеше емисијата „Панорама“ на која се зборуваше за корупцијата во ФИФА и финансиските малверзации на дел од нејзините членови.
3. Натпреварот во Карлинг купот помеѓу Бирмингам и Астон Вила, кога цел стадион влета во терен да ја прослави победата на домашниот тим.

Интересно е тоа што Американците, луѓе со сличен табиет како Англичаните, прилично добро го прифатија поразот од Катар за организација на Светското првенство во 2022 година. ФИФА, охрабрена од добрата организација на Јужноафриканската Република на изминатиот Мундијал, реши повторно да им даде шанса на недокажаните, а Англија, по серијата критики упатени на адреса на Светската куќа на фудбалот, може да се надева на организација на најголемиот фудбалски настан некаде во 22-от век.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top