Европската фудбалска унија УЕФА денеска на седницата на Извршниот комитет во Копенхаген објави дека се поднесени четири кандидатури за организација на Европското првенство што треба да се одржи во 2016 година.

Кандидатури поднеле Франција, Италија, Турција и заедничка Норвешка и Шведска.
На 3 април сите кандидати од УЕФА ќе добијат список со барања кои треба да се исполнат за некоја земја да ја добие организацијата на ЕП. Рокот за исполнување на барањата е 15 февруари 2010.
Одлуката кој ќе биде домаќин на ЕП на кое по прв пат ќе има 24 учесници ќе биде донесена на 27 мај идната година.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град