Клуч на три години за легендарната Маракана

Легендарниот стадион Маракана во Рио де Жанеиро три години ќе биде затворен поради обнова за Светското фудбалско првенство во 2014-та година и Олимписките игри во 2016-та година.

 |  Крсте Голабовски  | 
Maracana
Маракана

Легендарниот стадион Маракана во Рио де Жанеиро три години ќе биде затворен поради обнова за Светското фудбалско првенство во 2014-та година и Олимписките игри во 2016-та година.

MaracanaЗа да ги задоволат условите на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) бразилците во февруари идната година ќе го затворат стадионот за темелно да го преуредат, за чие реновирање ќе ги чини околу 250 милиони долари.

Маракана, која има статус на историски споменик, ќе добие нов влез, а ќе се поработи малку повеќе и на сигурноста и удобноста на гледачите.

Митскиот стадион е отворен на 24-ти мај 1950-та година кога собираше 200.000 гледачи. Кога од сигурносни причини беа укинати местата за стоење, капацитетот на стадионто беше намален на 88.992 столчиња.

Маракана ќе биде домаќин на финалето од Светското Првенство во 2014-та година, како и на церемонијата на отворање и затворање на Олимписките игри две години подоцна.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top