Во лондонскиот “Виски Мист” ноќен клуб, Вејн Руни ја прославувал награта за најдобар играч во Премиер лигата во избор меѓу сите играчи во лигата. Заслужената забава со друштвото се претворила во неубава вечер. Имено, извесен португалски турист (17) колабирал во клубот, а за жал умрел нешто подоцна во болница. Наводно несреќното момче се предозирало.
Руни во клубот бил со поголемо друштво меѓу кои би и неговиот брат Грем, како и англискиот репрезентативец Ешли Кол. Руни пред полицијата рекол дека не видел ништо сомнително. Островската полиција веќе го уапсила диелрот за кого смета дека на младото момче му ја продало дрогата. Од Мначестер Јунајтед сеуште не објавиле официјално соопштение.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град