Во НБА лигата според сите предвидувања, финалето во Источната конференција ќе биде меѓу екипите на Кливленд и Бостон.
Во НБА лигата според сите предвидувања, финалето во Источната конференција ќе биде меѓу екипите на Кливленд и Бостон.
Меѓутоа, ако се одигра како на последниот натпревар во Кливленд, тогаш нема да предизвика интерес кај публиката.
Имено, Кливленд го совлада актуелниот шампион Бостон со 107:76 и така ја забележа 39 победа од 40 натпревари одиграни во Кливленд. Кај домаќините се истакна Леброн Џејмс со 29 поени, 4 скокови и 7 асистенции. Во другите натпревари, Њу Орлеанс на домашен терен го совлада Далас, додека Сан Антонио како гостин беше поуспешен во Сакраменто. Торонто на домашен терен ја совлада Филаделфија, Лос Алџелес Лејкерс беше поуспешен од Мемфис. Мајами благодарејќи на 55-тте поени на Двејн Вејд забележа победа против Њујорк Никс.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град