Владимир Клично одлучи сите нас да не подучи како се заведува поубавиот пол.
Владимир Клично одлучи сите нас да не подучи како се заведува поубавиот пол.
Украинскиот тешкаш Владимир Кличко, светскиот боксерски првак во верзиите IBF, WBO i IBO, во Мајами е фатен како разменува нежност со 20-годишната американска глумица Хејден Пенетиере.
Украинецот, во стил на вистински маж не побегна од одговорноста, туку веќе во телефонски разговор за Билд се пофали дека се чуствува како љубовџија.
„Јас сум машко, а машките се љубовџии. Преферирам да им приоѓам на жените наместо да биде обратно. Најдобри е кога жена ќе ме одбие. Не за мене значи најголем предизвик. Тек тогаш почнува вистинската забава. Исто така, најмногу сакам ситуации кога жените немаат појма кој сум јас.“- изјави Кличко по својот најнов улов, младата ѕвезда на ТВ серијата Heroes.
„Трофеите“ на Кличко меѓу спротивниот пол се прилично импресивни. Украинецот ги шармираше Џулија Робертс, во текот на снимањето на 11. на Оушн, а добро се познати и неговите флертови со чешкиот модел Каролина Куркова(24), украинскиот модел Диана Коваљчук(27), поп-пејачката Мараја Кери и егзотичната глумица Луси Лу(41).
„Кога и да го замислам лицето на Луси Лу, се чустввам како да поминувам низ духовна масажа.“- рече во една прилика Украинскиот боксер, кој исто така призна дека го привлекува Денис Риџардс, американската глумица и поранешна сопруга на Чарли Шин.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град