Македонската кошаркарска репрезентација со катастрофален пораз го почна Европското првенство, кое од денеска се одржува во Полска.
Во премиерниот натпревар, Македонија го прикажа најлошото издание досега и претпре убедлив пораз од Грција со 54 – 86.
Аkтуелниот светски вицепрвак веќе по пет минути игра имаше предност од 15 кошеви, која постојано се зголемуваше за конечни 32 поени разлика.
Во текот на целиот меч, играта на македонските репрезентативци беше конфузна, одбраната беше далеку од висина на задачата, а целосно потфрли и нападот со катастрофален шут од дистанца и особено за три поени.
Мечот во спортската сала во Познањ го следеа околу 300 македонски и 50-ина грчки навивачи. На трибините немаше инциденти, а по натпреварот спортски се поздравија и двете репрезентации.
Европското кошаркарско првенство за Македонија продолжува во вторник со клучниот натпревар за пласман во следната фаза против стариот должник Израел.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град