Шпанските фудбалери Икер Касилас и Чави Хернандез, според Меѓународниот институт за историја и фудбалска статистика се најдобрите светски играчи за 2008-та година.
Шпанските фудбалери Икер Касилас и Чави Хернандез, според Меѓународниот институт за историја и фудбалска статистика се најдобрите светски играчи за 2008-та година.
Голманот на екипата на Реал Мадрид кој воедно е и голман на репрезентацијата на Шпанија беше прогласен за најдобар голман за 2008-та година. Касилас од новинарите од 83 држави освои 249 поени, оставајќи го зад него италијанскиот голман Џанлуиџи Буфон кој освои 170 поени.
За најдобар играч беше избран Чави Хернандез кој собра вкупно 113 поени. Зад него се најде Кристијано Роналдо со 94 поени, а трет беше Лионел Меси. За најдобар стрелец беше избран напаѓачот на екипата Коло Коло, Лукас Рамон Бариос кој во минатата сезона постигна 37 голови од вкупно 38 одиграни мечеви.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град