Англискиот фудбалски стратег Фабио Капело изрази радоста што Мајкл Овен, во тимот на актуелниот шампион Манчестер Јунајтед, повторно игра како некогаш.
На Капело посебно го израдува играта на Овен во дресот на Јунајтед на натпреварот од последното коло по групи во Лигата на Шампионите кога ги постигна сите три погодоци во победата на гости кај Волфзбург од 3:1.
„Го гледав мечот на телевизија и бев навистина задоволен што можам да го видам навистина расположениот Овен. Но, наскоро моето одушевување спласна бидејќи беше на клупата во наредното премиерлигашко коло. Не разбирам зошто завршил таму ако толку добро играше против Волфзбург. Руни игра секојдневно, а Овен преретко и затоа не знам што да мислам за него.“ – изјави Капело и продолжи:
„Ован покажа што може, но ако мисли да дојде во кадарот на репрезентацијата за Светското првенство мора да игра почесто. Вака сепак тешко е да се заклучи колку е физички подготвен за тимот на југот од Африка.“ – заклучи италијанскиот стратег.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град