Кака, златна кокошка

Трансферот на Кака вреден 67.2 милиони евра, може да му донесе на Реал профит од 75 милиони годишно, тврди една од најпопуларните спортски бизнис консултантски куќи Weber Shandwick Sport.

 |  Крсте Голабовски  | 
Rikardo Kakа
Рикардо Кака

Симон Чендвик, еден од директорите на компанијата објаснува: „Кака припаѓа на иста група како Бекам од економски аспект, ако неговиот имиџ биде контролиран правилно и ако Реал Мадрид ги подобри своите резултати во Лигата на шампиони“.

Според него, Бекам му донел на Реал околу 400 милиони евра од маркетинг и други продукти директно или индиректно, за четирите сезони додека Англичанецот играше за Кралевите.

Rikardo Kaka„Бекам продаде милион дресови во првите шест месеци кога беше само еден од неколкуте галактикоси во Реал, покрај Зидан, Раул и Роналдо.“

Чендвик истото го напоменува и за Кристијано Роналдо. „Кристијано исто така припаѓа на овој тип медиумски играчи како Бекам, дури и повеќе од Кака“.

„Дури и да потпише Реал со уште една или две ѕвезди, фокусот пак ќе биде на Кака и Кристијано Роналдо. Тие ќе си ги исплатат своите трансфери неколкукратно и покрај огромните плати што ги земаат“, вели Чендвик.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top