Потпретседателот на Милан, Адријано Галијани, кажа дека не е сигурен дека ќе може да го задржи Кака на „Сан Сиро“ и дека постои можност Бразилецот да замине во Реал Мадрид, по заслуга на Флорентино Перез.
Потпретседателот на Милан, Адријано Галијани, кажа дека не е сигурен дека ќе може да го задржи Кака на „Сан Сиро“ и дека постои можност Бразилецот да замине во Реал Мадрид, по заслуга на Флорентино Перез.
Галијани тврди дека доколку Перез застане на чело на „кралевите“ се’ е можно, бидејќи основниот аргумент за неговата кандидатура било ветувањето дека ќе го доведе Кака во Мадрид.
„Не сум разговарал со него за Кака, но знам дека со врските кои ги има Перез се’ е можно. Тој е фантастичен бизнисмен и добар пријател, а јас тоа не го кажувам често за челниците на другите клубови. Се видовме минатата година и разговаравме, без оглед на тоа што не е претседател“, рече Галијани.
Враќањето на Перез во Реал М. е се поизвесно, а како што информираат шпанските медиуми од бројните кандидати тој е главен фаворит.
„Не можам да се мешам во работата на Реал М., но мислам дека во моментов немаат подобар избор од Перез“, додаде Галијани, кој демантира дека Дејвид Бекам ќе остане во Милан до крајот на сезоната.
„Прочитав во весниците дека бил постигнат договор со Американците. Но, тоа не е вистина. Вистината е дека се работи на тоа, но да се тврди дека се’ е завршена работа е смешно“, порача Галијани.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град