Јувентус со 5-1 ја декласираше Сампдорија во натпреварот за второто место во Сериа А на Олимпико во Торино.
Со оваа победа тимот на Јуве се наоѓа на само еден поен од лидерот Интер кој вечерва гостува кај Палермо.
Целиот тим на Ќиро Ферара го одигра најдобриот натпревар од почетокот на оваа сезона и не остави никакви шанси на Антонио Касано и компанија.
Бразилската ѕвезда Амаури го откри резултатот во 25. минута со својот трет погодок по ред, интересно е што до пред 10 дена немаше постигнато ниту еден погодок во претходните 8 месеци. Пред крајот на полувремето напаѓачот му асистираше на Киелини за 2-0 додека Каморанези зголеми на 3-0 во 50. минута од средбата.
Амаури со глава во 62. го зголеми водството на 4-0 по што Пацини го постигна почетниот погодок за гостите и свој седми оваа сезона. Давид Трезеге кој влезе на местото на Амаури го постави конечниот резултат со својот четврти погодок во Сериа А за оваа сезона.
Јуве веќе има 21 поен после 10 натпревари а Сампдорија останува на 20 и се наоѓа на третата позиција.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град