Јенс Леман помилуван

Голманот на Бундеслишот Штутгарт, Јенс Леман (40) повторно е во кадарот со останатите соиграчи, објавија од германскиот фудбалски тим.

 |  Крсте Голабовски  | 
Jens Lehmann
Јенс Леман

Голманот на Бундеслишот Штутгарт, Јенс Леман (40) повторно е во кадарот со останатите соиграчи, објавија од германскиот фудбалски тим.
Jens LehmannВетеранот на голот ќе кандидира за настап во седмото коло во Бундеслигата, каде Штутгарт во сабота ќе гостува кај Ајнтрахт Франкфурт. ТОј е помилован по состанокот со тренерот Маркус Бабел и спортскиот директор Јохеном Шнајдер.

„Јенс свати дека не се однесувал пристојно. Се кае и тоа за нас е завшрен случај.“ – изјави менаџерот на клубот Хорст Хелт.

Леман по домашниот пораз на својот тим од Келн (2:0) минатата сабота во кој кумоваше со неколку киксеви, го заврши денот со пово на Октоберфест во Минхен. Својот излез не го пријавил на тренерот. Бабел поради тоа го казна со изоставувајќи го од тимот за двобојот од купот во Лубек. Тој двобој го доби Штугарт со 3:1 по продолженијата.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top